Дали директорот на агенцијата за национална безбедност Димовски се уште е “во џебот на Србија”?

Делови од депеша/документ на американската дипломатија објавен од Викиликс кој се појави денеска на социјалните мрежи открива дека директорот на државната Агенција за безбедност (АНБ) од страна на американски амбасадор во Скопје е оценет како човек што е под контрола на српските служби односно “во џебот на Србите”.



Димовски во време кога Бранко Црвенковски беше претседател беше директор на Агенцијата за разузнавање а еден мандат како амбасадор мина и во Белград.

Според објавените оценки кои американската амбасадорка во Скопје Џилијан Милобановиќ ги испраќала до Вашингтон , Виктор Димовски е во “џеб кај Србите”.

Документот излегува во јавност во моменти кога претседателот Пендаровски најави дека голем број државни функционери ќе се соочат со ветингот кој е неминовен по членството во НАТО.

Не толку дамнешните проценки на американската дипломатија дека Димовски е под контрола на тајните служби на Србија го прават еден од оние кои први треба да бидат проверени за контакти и соработка со служби како Српската која е во тесна координација со Русија која пак е еден од стратешките ривали на НАТО.

Во тој контекст дел од набљудувачите имаат легитимно прашање за тоа како и кој го проверил директорот на АНБ дали се уште е во “џебот на Србите” и дали има контакти и соработка со ривалски служби на НАТО.

Доколку Димовски воопшто не минал низ процес на ветинг тоа може да донесе несогледливи последици по статусот на Македонија како диверлива членка на НАТО.

Доколку Димовски не поминал соодветна проверка а се покаже дека тој се уште има контакти со Србија и не го добие соодветниот сертификат на НАТО тоа ќе биде сериозен удар врз целиот безбедносен систем во кој е можно да има и други функционери кои соработувале или соработуваат со служби кои се ривали на НАТО.