Дали Дамева е поставена од бизнис елитите за кои говори Црвенковска, прашува Панова

Дали Дамева е поставена од бизнис елитите за кои говори Црвенковска, прашува Панова
Дали Весна Дамева е назначена за претседател на Судскиот совет токму од судско-бизнис елитите за кои говореше Павлина Црвенковски кога даде оставка на таа функција, прашува пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова. Таа го поставува и прашањето: Што треба да испорача Дамева?
Панева вели дека одговори мора да се дадат и да се понесе одговорност.



Пратеничката Панова ги повика министерот за правда и Антикорупциската комисија да се произјаснат во врска со назначувањето на Весна Дамева, за која таа рече дека е „член на СДС и член на партиската комисија на СДС“, која од стручна соработничка без искуство во судење, најпрво стана член на Судски Совет, а сега и негов претседател.

„Атикорупциската за ова не смее да молчи и мора веднаш да реагира. Исто така сакам да го повикам Јавното обвинителство да истражи кои се тие судско-бизнис елити толку силни кои ја натераа претходната претседателка Црвенковска да замине од функцијата Претседател на Судскиот совет за на нејзино место седне Дамева.

До кога Јавното обвинителство ќе молчи за сите скандали на власта? Обвинителството мора да истражи кој бил толку силен што има влијание на Судскиот совет. Се сомневаме дека тој притисок доаѓа директно од врвот на власта предводена од ДУИ и СДСМ.

Дали Дамева е назначена токму од овие судско-бизнис елити? Што треба да испорача?
Власта мора да одговори на овие прашања и да има одговорност“, рече Панова.

Таа доаде дека со непостапување на институциите и одмолчување на сите афери, Македонија не може да има напредок, туку ќе се качува на скалилата за корупција и криминал и континуирано ќе добива лоши извештаи.