Дали Бугарија е подготвена да плаќа 40 % поскап гас од рускиот?

Министерот за енергетика на Бугарија, Александар Николов, вели дека има алтернативни извори и алтернативни правци, за набавка на гас доколку земјата престане да ги уезува од Русија.



Запрашан кога Бугарија би можела најрано да се откаже од рускиот гас, министерот Николов рече: „Зависи од цената што сме спремни да ја платиме“.

На прашањето на News.bg која е прифатливата цена тој кратко одговори: „Цената на природниот гас зависи од многу индекси и специфични точки каде е снабдувањето. Нормално, кога транспортните трошоци се повисоки, кога има неконвенционална понуда, тие се повисоки, поради што Бугарија е една од земјите што иницира заеднички пристап на ниво на ЕУ до подобра цена“.

Бугарија е во разговори со Хрватска за снабдување со течен природен гас, доколку е можно.

Сепак, алтернативите на рускиот гас се за 40 отсто поскапи од договорот со „Гаспром“, рече тој.