„Во период на хибдридни војни, ние работиме на безбедноста на системот на трезорот. Сите треба да сме внимателни во изјавите.



Немам информација за откупот, а службите ќе кажат дали тоа се класифицирани информации.

Ако јас имам сертификат за државна тајна, доколку има такво нешто, јас имам пристап. но немам добиено такви информации“, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на ТВ 24

Системот (на ФЗО) беше нападнат на 6-тио февруари, од кои причини, мотиви дополнително ќе биде објаснето. Во јавностра и во медиумите се лиферуваше информација дека непознатите хакери барале милионски откуп во биткоини за да ги вратат личните податоци на корисниците на Фондот.

„Последното решение е што фондот изнајде начин како да ги исплати платите, при што гледавме и опции директно од трезорот да се платат на вработените’, вели Бесими.