Дали “бегалецот” поради кој настрадаа тројца полицајци е висок полициски службеник: МВР не ги објави иницијалите на сторителот

Пред три дена во бркотница со автомобили на Водно беа повредени тројца полицајци кои се обиделе да запрат маж и жена кои бегале од нив.



Возилото во кое биле мажот и жената било бркано затоа што не ја почитувало забраната за движење низ шума поради пожарите.

Во официјалниот билтен на МВР од 17 август МВР го објавува настанот но тој е единствениот во кој не се наведуваат иницијалите на луѓето кои се сторители односно поради кои настрадале тројцата полицајци.

“На 17.08.2021 околу 01.45 часот во Сончев град, на патот кон ул.„Мариовска“ за место викано „Теферич“, при даден знак за запирање од полициски службеници на патничко возило „шкода октавија“, без регистарски ознаки, во кое биле едно женско и едно машко лице, возилото не застанало. При обид да ги запрат, службеното возило на МВР излегло надвор од коловозот. Притоа, еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди, а двајца полициски службеници со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот”, пишува во билтенот на МВР во кој невообичаено за вакви настани не се објавени иницијалите на луѓето кои предизвикале повреди на тројца полициски службеници.

Поради необјавените иницијали од кои ќе беше јасно за кого се работи во јавноста од полициски извори почнаа да се шират информации дека мажот кој по полноќ бил бркан низ парк шумата Водно бил висок полициски службеник во една од најважните полициски специјални единици.

Според истите информации од полициски извори неговите иницијали како и иницијалите на неговата пријателка не се објавени во полицискиот билтен на МВР по жесток притисок од владини функционери во институција каде како обезбедување работи братот на предизвикувачот на повреди кај тројцата полицајци.

Иако МВР најави дека се работи на расчистување на случајот се уште нема информација каква кривична пријава добил човекот чии иницијали МВР не ги објави во својот билтен.

Во билтенот на МВР нема информации ниту за информациите дека лицето чии иницијали се кријат од полицајците бегал со службено возило.

Последна и поврзана вест

Цели три дена МВР не дава инфо за сторителот и неговата сопатничка

Спасовски молчи дали командантот на “Тигрите” бегал од повредените полицајци (ВИДЕО)

Најчитана вест

Добра вест за СДСМ: Левица ја отфрли понудата од ВМРО-ДПМНЕ за соработка со цел уривање на Заев

Предходно МВР воопшто не го објави инцидентот во Охрид во кој почина старец изваден од вода а во кој наводно учествувал министерот Филипче.

Зошто МВР во својот билтен не го објавува инцидентот во кој министерот Филипче неуспешно реанимирал граѓанин?

Најнова вест

Се зборува за специјален статус за Албанците во Македонија по урнекот на Тирол кој се протега во три држави

Екс македонски амбасадор жали што Албанците немаат политичко – територијалната автономија

Целиот билтен на МВР од 17.08.2021 во кој се кријат иницијалите на сторителот поради кој настрадаа тројца полицајци во продолжение.

https://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/2328

На 16.08.2021 во 16.55 часот во Градски парк Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ќ.(23) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.08.2021 на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.И.(40) од с.Страхојадница, скопско, бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(70) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, во текот на 2020, на парцела во Охрид во државна сопственост, без да поседува соодветно одобрение за градба и без соодветна ревидирана градежно-техничка документација и одобрение издадено од Управа за заштита на културното наследство, изградил објект од челична и дрвена конструкција. По извршените инспекциски надзори од страна на стручни тимови при Национална установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид“ и Управата за заштита на културното наследство – Скопје, донесено е Решение со кое се забрануваат градежните активности и отстранување на објектот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Тој, со цел да може да царини и регистрира увезено половно товарно возило „мерцедес бенз“, ја преправил странската сообраќајна дозвола и неовластено внел други невистинити податоци.

На 16.08.2021 полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар извршиле контрола на лица на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Притоа, било констатирано дека А.И.(33) од тетовско Селце, Ќ.М.(55) од Тетово, малолетно лице од Голема Речица, С.М.(52) од Тетово и Н.Б.(29) од Гостивар не биле затекнати во своите домови, односно ја напуштиле државата. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик.

На 16.08.2021 во 14.40 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.З.(30) од Скопје пријавил дека во парк на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

На 16.08.2021 во 21.30 чaсот на ул.„Радишанска“ во Скопје, мопед „хамачи“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.М.(36) од Скопје, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата Т.М. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Во текот на изминатото деноноќие (16.08/17.08.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 25 прекршоци.

СВР Велес поднесе кривична пријава против правно лице од Неготино и М.С.(28) од Неготино, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „даночно затајување“. Во јули 2021, пријавените го довеле во заблуда Л.Ј. од Неготино, кој во два наврата на рака дал 500.000 денари за градба на станбена куќа во Неготино, а за што претходно склучил писмен договор. Пријавеното правно лице и изведувачот, односно управителот, не се придржувале кон техничкиот извештај за градежно конструктивен проект на име на индивидуален станбен објект, односно не ги применувал односните компоненти внесени во самиот проект и направил измени, го намалил квалитетот на бетонот, а еден столб воопшто не бил поставил на објектот. Примените пари пријавениот М.С. не ги уплатил на сметката на правното лице и притоа била одбегната давачка на данок на додадена вредност во висина од 90.000 денари.

Денеска (17.08.2021) полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР го лишија од слобода Д.Ф.(57) од Куманово и до Основното јавно обвинителство Куманово е поднесена кривична пријава против него, за сторено кривично дело „поттикнување на кривично дело убиство“ по чл.123 став 3 а в.в со член 23 од Кривичниот законик. Имено, во периодот од април до август 2021 година, Д.Ф., во врска со сообраќајна незгода која се случила во 2020 година, поттикнувал лица за парична награда да извршат убиство над неколку лица. Исто така, во наведениот период пријавениот во повеќе наврати на лицата кои ги поттикнувал да го извршат кривичното дело „убиство“ им се заканувал со огнено оружје со цел да го извршат кривичното дело.

На 16.08.2021 во 20.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Б.З.(36), Л.З.(33), двајцата од тетовско Боговиње и Д.С.(21) од Горно Седларце, затоа што околу 17.30 часот во близина на бензинска станица покрај автопатот Тетово – Гостивар учествувале во физичка пресметка, при што со патничко возило „јагуар“, без регистарски ознаки, ја загрозиле и безбедноста на учесниците во сообраќајот. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.08.2021 во 20.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на ул.„Никола Тесла“ настанал пожар, при што биле опожарени четири електрични броила. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 16.08.2021 полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.А.(34) од с.Дебреште, општина Долнени и против него до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. Пријавениот, на 16.08.2021 во 03.50 часот во куќата на С.Р.(55) во с.Дебреште од неговата снаа со закана одзел златен накит и пари. Од судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор.

Денеска (17.08.2021) во 06.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино го пронашле телото на малолетникот од с.Пепелиште, неготинско, кој на 15.08.2021 околу 16.00 часот во село Пепелиште со група малолетници влегол во водите на реката Вардар, но не излегол. Телото било извадено од водата, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Г.К.(32) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот во повеќе наврати во месец март 2021 противправно ја присвоил дебитната картичка на неговиот брат и во осум наврати од банкомати подигнал вкупно 55.000 денари.

На 16.08.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во СОС Детско село се вратил нивниот штитеник М.О.(17) од Кавадарци кој на 14.08.2021 во 09.40 часот бил пријавен дека самоволно се оддалечил од установата.

На 16.08.2021 во 15.40 часот во СВР Скопје, Б.С.(38) од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот настанал пожар во трафостаница за електрична инсталација во угостителски објект на подрачјето на Центар. Пожарот бил изгаснат од пријавителот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 16.08.2021 во 15.15 часот во СВР Скопје, Б.С.(53) од с.Стајковци,скопско пријавил дека на 15.08.2021 во 21.00 часот пред спортска обложувалница во с.Стајковци бил физички нападнат од М.Н. од с.Стајковци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.08.2021 во 12.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ со тешка телесна повреда бил донесен Б.С.(32) од Ново Село, скопско. Според негов исказ, тој се повредил додека извршувал градежни работи на објект во изградба на подрачје на Гази Баба. За случајот е известен Трудов инспектор.

На 16.08.2021 околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа во с.Кучевиште, скопско, сопственост на М.Ш.(39) од с.Кучевиште, настанал пожар при што била опожарена кровната конструкција. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје. Во пожарот со повреди се здобиле М.Ш. и уште едно лице на кои им била пружена помош од лекар од Итна медицинска помош. Увид бил извршен.

На 17.08.2021 околу 01.45 часот во Сончев град, на патот кон ул.„Мариовска“ за место викано „Теферич“, при даден знак за запирање од полициски службеници на патничко возило „шкода октавија“, без регистарски ознаки, во кое биле едно женско и едно машко лице, возилото не застанало. При обид да ги запрат, службеното возило на МВР излегло надвор од коловозот. Притоа, еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди, а двајца полициски службеници со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.

На 16.08.2021 во 23.50 часот во СВР Скопје, С.Ш.(48) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар се оддалечила неговата невенчана сопруга К.Б.(39) од Скопје, која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 17.08.2021 во 08.30 часот во СВР Скопје, Ј.К.(70) од Скопје пријавила дека на ул.„Орце Николов“ била касната од куче скитник.

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Х.(26), С.Д.(30) и еден малолетник, сите од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „тешка кражба“ и против Д.Ј.(33) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „прикривање“. На 12.06.2021, околу 22.00 часот, за време на забрана за движење, пријавените А.Х., С.Д. и малолетникот извршиле тешка кражба во викенд куќа во Виница, по што украдените предмети му ги продале на Д.Ј..

На 16.08.2021 во СВР Скопје, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека нивниот штитеник Р.Џ.М.(14) од Куманово самоволно се оддалечил од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 17.08.2021 година во 08.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејната куќа во с.Табановце, кумановско, биле пронајдени починати Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36). По преземани мерки било констатирано дека Б.С. починала од повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје. Увид на местото извршиле екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите биле предадени на обдукција. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против З.Р.(57) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 21.12.2020, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени 604 пиротехнички средства, распрскувачки материи кои се користат за создавање на карактеристични звучни и светлосни ефекти, кои ги набавил од Бит Пазар во Скопје.

На 16.08.2021 во 23.42 часот во СВР Скопје, Ш.О.(26) од с.Арачиново, пријавил дека околу 22.30 часот во с. Арачиново, додека се движел со неговото патничко возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле неговата мајка Џ.О.(45) и неговиот брат А.О.(20), од патничко возило „ауди А4“, со германски национални ознаки, во кое биле О.М.(36) од с.Арачиново и С.Ќ.(26) од с.Љуботен, скопско, биле испукани проектили кои го оштетиле неговото возило. Повредени лица нема, а според пријавата, причина за нападот се нарушени семејни односи. Полициски службеници излегле на местото. По наредба на Јавен обвинител, Ш.О. и А.О. биле приведени во полициска станица, поради сомнение дека и тие употребиле огнено оружје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.