Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, ќе го посети Косово следната недела по повод формирањето на новата влада.
„Министерот за надворешни работи Дендиас ќе го посети Косово на почетокот на јуни. Потсетуваме дека Грција го поддржува европскиот пат на Косово и во тој контекст ја поддржува и визната либерализација. Грција исто така придонесува за Косово со голем број на војниците на КФОР.
Но, како што знаете, Грција не го признава Косово и нејзината позиција останува непроменета “, се вели во одговорот на грчкото МНР за РТВ Дукаѓини, пренесува Б92.
Грција е една од петте членки на ЕУ што не го признава Косово.






