Дали апологет на СДСМ смета дека владата е глупа а Заев и Филипче се дунстери

Една од ударните тупаници на пропагандата на СДСМ аналитичарот Ненад Јовановиќ неодамна анализирал дека сите умни влади набавуваат вакцини за Ковид-19 само од западни држави.



Притоа Јовановиќ го навредува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека се однесувал глупаво односно поставувал глупави дилеми затоа што прашал зошто Македонија не се обидува да набави руска вакцина.

“Мицкоски поставува глупава дилема “зошто не сме земале руска вакцина”? Затоа што владата на Заев е паметна. Истите вакцини кои ќе бидат за германците, французите, британците и останатите развиени држави ќе бидат и за нас. Никој не зема вакцини од авторитарни и тирански држави, сите умни влади земаат од богати, развиени и пред се’ демократски држави.

Јас навистина не знам како е возможно да имаш 28 проценти поддршка, а да бидеш комплетен дунстер и незнајко зошто вакцини се земаат од најразвиените земји на планетата”, напишал Јовановиќ пред неколку недели.

Од пред дваесетина дена кога на Заев и Филипче им стана јасно дека од западните пријатели не можат да набават доволно вакцини се свртија кон Кина а не исклучија дека ќе се бараат вакцини и од Русија.

Дали со тоа според зборовите на апологетот на СДСМ Заев и Филипче станаа дунстери а владата од умна се претвори во глупа ред е да објасни самиот Јовановиќ.