Бугарските власти тврдат дека пред пописот во Албанија македонските власти имале засилена активност кај луѓето кои живеат во Голо Брдо, Мала Преспа и Корча да бидат запишани како Македонци, а биле Бугари. Од здружението Илинден Тирана негираат такви обиди, јавува РСЕ
Иако една од главните теми во евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан, конкретно Македонија и Албанија, е спорот меѓу Скопје и Софија поради кој се блокирани македонските европски интеграции, официјалните претставници на источниот сосед во континуитет најавуваат и услов за Тирана- бугарско малцинство таму.
Претседателот Румен Радев Радев лани, на средбата со неговиот албански колега Илир Мета, рече дека правата на бугарското малцинство во Албанија се еден од нивните основни критериуми за поддршка на албанскиот европскиот пат. Подоцна, при посетата на министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај во Софија, заменичката на Радев, Илијана Јотова го спомена и пописот во Албанија кој треба да се одржи годинава. Таа наведе дека е убедена дека албанската држава ќе ги вложи сите напори да нема притисок врз малцинствата да ја кажат својата етничка припадност.
Спас Ташев од Институтот за прочучување на населението при БАН, лани подготви и обемна стратегија за бугарското малцинство во Албанија која ја презентираше пред кабинетот на Радев.
Ташев конкетно во врска со престојниот попис во Албанија вели дека постои опасност Бугарите да бидат под притисок на Скопје, наведувајќи дека бројот на Бугарите во таа земја е околу 50 000, а дека за тоа колку ќе бидат на пописот зависело од бугарската политика, но и од односот на Македонија кон тоа население.
ПОБЕЌЕ на Радио Слободна Европа






