Дали над 1/3 од македонските генерали за НАТО се „контаминирани“?

Повеќе извори во безбедносниот систем кои инсистираат на анонимност тврдат дека четворицата нови високи македонски воени претставници кои од НАТО не добиле безбедносен сертификат се со чин генерали или членови на генералштабот на АРМ.



Тоа значи дека повеќе од една третина од македонските офицери од највисок ранг имаат или имале контакти со странски служи ривали на НАТО, биле дел од корупција или биле инволвирани во случаи кои за НАТО не се прифатливи.

Информациите за генералите на АРМ доаѓаат по веста на мкд.мк според која освен двајцата воени претставници на Македонија во НАТО кои беа вратени во земјава има уште 4 други воени и одбранбени лица кои не го минале безбедносниот тест на алијансата.

Откриени нови македонски офицери за НАТО кои имале контакт со ривалски тајни служби

Најчитана вест

Според еден од адвокатите случајот е чист а Заев се соочува и со затвор

Премиерот ќе добие кривична пријава за лаги и манипулации во “Монструм”