Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, предложи да се додадат 3,5 милијарди евра на фондот што се користи за финансирање воена помош за Украина, пишува Ројтерс.
Овој фонд веќе додели околу 4,6 милијарди евра воена помош за Украина.
Предлогот за дополнителни 3,5 милијарди евра, бара одобрение од националните влади на ЕУ.
Фондот, создаден во 2021 година, беше дизајниран за ЕУ да им помогне на земјите во развој да купат воена опрема.
Но, блокот од 27 нации брзо реши да го користи и за испорака на оружје во Украина, откако Русија изврши инвазија во февруари минатата година.
Фондот е одвоен од буџетот на ЕУ, кој нема право да финансира воени операции.
Но, фактот што земјите од ЕУ се обединија за да купат оружје и муниција за Украина која е во војна со Русија, означува историски чекор за блокот, кој со децении избегнуваше да се меша во одбранбените и воените прашања.







