,,Дај од таа дрогата не биди себичен…”: Ковачевски торпедиран по лагата за автопатот за Охрид и 1300 км ,,изградени” патишта

Граѓани на социјалната мрежа Твитер реагираат на фалбата на премиерот Ковачевски дека за 5 години СДСМ изградил 1300 километри нови патишта и дека автопатот Кичево – Охрид е меѓу завршените проекти.



Дел од коментарите не се за малолетни лица а меѓу реакциите нема ни една поддршка за премиерот, дури ни од најголемите партиски ботови на СДСМ што укажува дека се работи за монументална лага во која не веруваат ни сопартијците.

Дел од коментарите:

Tебе и мозокот ти е асфалтиран!

Абе ти ептен си бил со фалинка, кај е автопатот Кичево – Охрид?!

Мислев дека нема поголем шутрак и лажго од Муртинхаузен, ама ти си на добар пат да го надминеш.
1300 километри НОВИ патишта?! НОВИ?! 😂😂😂😂😂😂😂😂😂😂😂 Каде се бе, Таче? За кај водат? Шутрак!

Права комуњара. Те гледа во очи и те лаже. И око не му трепнуе. Шо ген ке бевте !!!!

Друже дај контакт од дилерот ти нешто многу јако маваш. Командант Бреза ли е?
Пиши ако е тој ќе тркнам до Контрола на летање не ми е проблем

Ти ако имаш 2 чисти во главата јас сум астроном.

Премиере свака част.
Вакво вложување во инфраструктура ни Германија немала во последниве 10тина години, затоа почнаа да се враќаат и иселеницине од таму. Само продолжете така па в година ова време 2600 км да станат 😂😂 ко ќе се залетам сега по аутопатон Кичево – Охрид 🛶🛶

Колку квадратни километри површина изгуби Македонија со изградбава на патиштава, да се молиме да престанат со градба да не ја претворат цела држава во патишта и автопатишта.

Премиере алал нека вие,сами си ги барате овие коментари😂😂шегобиец сте прав,ако да сте вие жив и здрав ама печатна грешка имате, 1300 метри само сменете и све ќе биде во ред

Каква квалитетна дрога користите секоја чест. 1300км тоа ти е некаде пат до Словенија. На се тоа кога ќе појдеш од излез на скопје до Аеродром возиш по макадам. Гордо до прво место во лажење нема подобри од вас.
П. С. Кичево Охрид срам ми е да спомнам

Ајјјј, дај бе бриши пост не се срами. Си бил пред 5-10год Бугарија, Србија и си бил и сега. Е тоа е изградба на патишта. Не дупите тука башка нај скапи патарини имаме за дупки пари плаќаме. Ама лесно ви е вас ви дигаат рампи.

Божееее кој ли те тера вакви небулози да пишуваш? П. С. внимавај во иднина што објавуваш срамота е да го третираш македонскиот народ на овој начин
Поврзана вест

Охрид Кичево нема врска од изграден, веројатно до 2070та ќе ги завршите клучките. Кои се тие 1300км не ми е јасно бидејќи Западна Македонија немаме пат. Да не сте се збуниле нешто?

Браво премиере, го натфрли и менторот во лажење, секоја чест.Не знам дали имаш дома огледало да се погледнеш некогаш и да се видиш на што личиш???

Одрон на патот Миладиновци -Штип ви стоеше една година. Толку сте неспособни. Тоа што е веќе направено не можете да го одржувате, а не пат да направите.

Можно е господине премиере…
Не ми е јасно само зошто сето ова го криете од нас, зошто работите тајно, не се срамете покажете ни ги патиштата… Пошто нели животов е за сите…

Дај од таа дрогата не биди себичен

На што точно реагираат граѓаните во овој твит и видео

Дали е можно: Ковачевски се фали со изградба на автопатот Кичево – Охрид (ВИДЕО)