Западните антируски санкции и нанесуваат сериозна штета на ЕУ, пишува британскиот конзервативен и евроскептичен весник Дејли експрес.



Официјални претставници на ЕУ постојано предупредуваа дека строгите санкции наметнати на Русија поради нејзината воена операција во Украина и нанесуваат поголема штета на Европа, а во блокот растат стравувањата дека континентот би можел да биде втурнат во својата најголема финансиска криза во историјата.
Daily Expres пишува:

Брисел остро реагираше на воените планови на претседателот Владимир Путин, со низа санкции против Русија со цел да ја ослабне нејзината економија и целосно да ја спречи нејзината таканаречена „специјална операција“ во Украина.

Сепак, овие мерки не помогнаа да се одврати Путин, а многумина сега стравуваат дека тој наскоро може да започне своја политичка војна против Европската унија како одмазда.

Стотици милиони Европејци се соочуваат со сурова зима, бидејќи властите ги повикуваат да штедат гас, стравувајќи дека Путин може целосно да го прекине снабдувањето на континентот.
Путин ја предупредува ЕУ дека испораките на гас може да продолжат да се намалуваат

Лидерите на ЕУ велат дека потегот е „политички мотивиран“. Во меѓувреме, испораките на руски гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1 брзо се намалуваат, а во моментов се испумпува само една петтина од капацитетот на гасоводот.

Покрај тоа, инфлацијата во еврозоната се искачи на 8,9% во јули (наспроти 8,6% во јуни), а на почетокот на овој месец еврото се изедначи со доларот за прв пат по повеќе од 20 години.

Шарл-Анри Галоа, борец за Брегзит, предупреди дека санкциите на ЕУ против Русија даваат контраефект и дека рецесијата во еврозоната е веќе „очигледна“: „Некои европски земји, како Германија и Италија, се многу зависни од рускиот гас и тој не може лесно да се замени“.

Други земји, вклучително и Франција, исто така страдаат од недостиг на руска нафта.

„Порано енергијата беше поевтина, а договорите за снабдување беа во евра. Но, сега мораме да ја купуваме истата нафта преку Индија или Саудиска Арабија и во долари. Како што паѓа еврото – станува поскапо“.

„Тоа е сосема лицемерно бидејќи истото важи и за гасот. Не можеме само да го замениме рускиот гас. Немаме капацитет или еквивалент“.

„Економските санкции ѝ штетат на Европа повеќе отколку на Русија. Рецесијата е јасна.

Галоа, кој е еден од водечките активисти за напуштање на Франција од Европската унија, рече дека е „грешка да се спаси еврото“.

Според него, платформата на која се базира еврото е уништена и европската валута „порано или подоцна ќе умре“.

Галоа ги нарече антируските санкции „самоубиство за Европа“, повикувајќи ги властите на ЕУ да ги повлечат острите казнени мерки бидејќи во спротивно континентот ризикува да западне во најсериозната финансиска криза во историјата на блокот.

„Санкциите против Русија се самоубиство за Европа. Воведувањето економски санкции што нè’ повредуваат повеќе од Русија е глупаво.

„Јас сум против војната на Русија во Украина, но треба да ги прекинеме санкциите и да се фокусираме на одржување на мирот за да го спречиме европското самоубиство.

„Ако не го направиме ова, Европа може да се соочи со најтешката финансиска криза во својата историја.

Инфлацијата во еврозоната скокна на ново рекордно високо ниво од 8,9% во јули од 8,6% еден месец порано, а најлошото можеби допрва доаѓа..,.