Пратеничката Дафина Стојановска не може да одлучи како да се однесува кон тоа што го прави спикерот на Собранието Талат Џафери кој пред два дена најави една а денеска спровел сосема друга работа.
,,Дали да го слушаме што зборува или да го гледаме што прави?!?”, прашува Стојановска.
,,Во среда вечер вели дека не може да ги свика работните тела, зашто треба да се пополнат местата на заминатите со новите пратеници, како и дека делот на комисијата кој ја водел опозицијата, а кој сега станал дел од мнозинството, треба да го препушти тоа место на сегашната опозиција. Арно ама, веќе во четврток свикува комисија, со која претседава сегашната власт, а која ѝ припаѓа на опозицијата.
Со една фраза: “Каша-попара”, вели Стојановска која како доказ за чудното однесување на Џафери приложува видео од негов настап на ТВ24 кај Душица Мрѓа.
Дали да го слушаме што зборува или да го гледаме што прави?!?
Во среда вечер вели едно, а веќе во четврток свикува комисија, со која претседава сегашната власт, а која ѝ припаѓа на опозицијата.
Со една фраза: “Каша-попара”. pic.twitter.com/bbDvOcWHAg
— Дафина Стојаноска (@daci99640087) February 18, 2022
За видеото на ФБ кликни на линкот




