Дачиќ: Знам дека н’е прислушкуваат!

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, вели дека знае дека „некои западни сили ги слушаат разговорите на државниот врв на Србија“, но тоа не го вознемирувало зашто владата немала што да крие од народот.



„Ги водам сите разговори во мојот кабинет. Немам страв, бидејќи ние не криеме ништо едни од други. Србија не води двојна политика … Предноста е во тоа с’е за што зборуваме, го кажуваме и јавно“, вели Дачиќ.

Тој оцени дека шпионажата е голем и сериозен проблем со кој безбедносните служби „треба сериозно да се справат“.