На седницата на Советот за безбедност на ОН, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ предупреди за ситуацијата во Косово бидејчи според сознанијата на Белград, приштинските власти подготвуваат напад врз северно Косово.
„Сакам сите да бидете свесни за тоа и да ја запрете воената машиннерија на Приштина пред да предизвика ново крвопролевање. И , да ве потсетам дека задачата на КФОР е да го заштити мирот и безбедноста на сите, вклучувајќи ги и Србите во Косово, и барам да одговорите дали ќе го сторите тоа или не“, изјавил Дачиќ.
Според Дачиќ, продолжувањето на мандатот на УНМИК е клучно за судбината на многу луѓе во Косово.
„Во спротивно, ќе биде испратена порака до Србите дека нема да можат да останат и да живеат на земјата на нивните предци, а на раселените декатаму не се добредојдени, што би претставувало исполнување на целите на Приштина“, предупредил Дачиќ, пренесе Б92 .




