Лидерот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, на еден предизборен митинг го коментрал падот на дронот во Загреб, пренесува хрватски „Индекс“.
Во својата изјава тој прокоментирал дека Хрватите не се спремни ниту за дрон.
„Нашата политика е јасна, го уништувавме НАТО. На нашиот список е Золтан Дани, кој го собори невидливиот Ф-117. Ние го соборивме и невидливотото, а и овие Хрватите не можат да го соборат овој дрон… Па, тие на се спремни ниту за дрон, а камоли за дом“, рекол Дачиќ на предизборниот митинг.
Авионот Ф-117 беше соборен за време на операција на НАТО во Југославија во март 1999 година, а Дачиќ сега посети на тоа.
Претходно денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека граѓаните се безбедни по падот на беспилотното летало минатата недела во Загреб и побара итно обезбедување средства за зајакнување на системот за противвоздушна одбрана.





