Претседателот на Собранието на Србија и лидер на СПС Ивица Дачиќ најави дека тој ќе биде кандидат за претседател на Србија доколку Александар Вучиќ не се кандидира на изборите.
„Ми рекоа пред некој ден дека ретроградниот Меркур излегува од мојот знак Јарец и дека ќе ми тргне“, се пошегува Дачиќ во гостување на една телеевизија.
„Претседателските избори треба да ги распишам на 2 март“ најави Дачиќ.






