Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, синоќа приреди вечера во чест на својот грчки колега, Никос Коцијас, а на гостинот му  запеа – на грчки.



Дачиќ, „се прослави“ пред неколку месеци кога при посета на турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган му ја запеа „Осман ага“ со што го одушеви гостинот , но и љубителите на добрата музика.

Белградски „Блиц“ пишува дека Коѕијас, имал и музичка желба: Песната „Тамо далеко“  за која рекол дека е најуабава песна на светот.