Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, му порача на бугарскиот премиер Бојко Борисов да ги застапува интересите на ЕУ околу независноста на Косово.
Дачиќ за РТС изјавил дека ставот на Унијата „не е дека Косово е независно” по изјавата на Бојко Борисов дека Хозе Борел, идниот шеф на дипломатијата на ЕУ треба да го застапува ставот на целата унија, без оглед што неговата земја Шпанија не ја признава независноста на Косово.
„Бојко, треба да го почитуваш ставот на ЕУ, а не да му држиш лекции на Борел. На што тоа личи, тоа е безобразно. Најмногу ме нервира лицемерието, доста ми е од тоа“ изјавил Дачиќ како што пренесува Б92.





