Дачиќ ќе се меша во американските избори

Мајкл Карпенетер, експерт за надворешна политика го критикуваше српскиот шеф на дипломатијата Ивоца Дачиќ бидејќи ја повикал српската дијаспора во САД да гласа за Доналд Трамп на изборите идната година.



„Министерот за надворешни работи на Србија планира да се меша во внатрешната политика на САД со тоа што ќе ги обедини српските Американци за поддршка на Трамп 2020 “, изјави Карпентер кој е поранешен советник на поранешниот потпретседател Џозеф Бајден кој ќе се вклучи во трка за американски претседател, пренесе Б92.

Карпентер вели дека тој лично смета дека Дачиќ прави голема грешка, а кога станува збор за поддршката на САД за европскиот пат на Србија, тоа треба да биде заеднички договор меѓу двете најголеми партии во САД.

Дачиќ вчера за “Српски телеграф“ изјави дека ќе ги организира Србите кои живеат во САД за да ја официјализираат поддршката на Трамп на претседателските избори во земјата.

„Ако го сториме мудро, ако ги комбинираме тие гласови, од кои не се малку,  ќе создадеме подобра позиција во новата администрација“, рече Дачиќ, истакнувајќи дека во Америка има 650.000 Срби.