Дачиќ: Без ментори, Приштина ќе прифати поделба на Косово

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, смета дека Приштина би разговарала за предлог за поделба на Косово, доколку за тоа би се разговарало – без „ментори“ и негираше дека постоел предлог од претседателот Вучиќ, јужна Србија да се размени за северно Косово.



Тој, како што пренесуваат српски медиуми, рекол дека големите сили не сакале да зборуваат за поделба на Косово, бидејќи  мислат дека прашањето за Косово затворена во 2008 година со тоа што ја признле независноста.

Но, и дека стравуваат од голема размена на население н замајќи пред вид дека ѝсостојбата на теренот веќе е „во согласност“ со предлогот за поделба.

Запрашан дали се точни наводите на претседателот на Народна партија, Вук Јеремиќ, дека претседателот Александар Вучиќ ја понудил јужна Србија за северно Косово, Дачиќ рече дека „немало никакви разговори за трајно решение за Косово“.