Сега е вистинско време да се реши проблемот со Косово, вели шефот на српската дипломатија.
Изменетата позиција на Русија, која стана голема сила која има многу поблиски односи со Србија, отколку пред 20 години, и промената на американската надворешна политика, поблиските односи со Германија, Франција, како и со Турција и со Кина создаваат услови проблемот со Косово да се реши со компромис, смета Ивица Дачиќ.
„Во оваа фаза имаме ситуација каде што ЕУ признава дека главниот проблем за доаѓање до компромис се Албанците. Албанците сакаат да го признаеме Косово, плус ако може да ги земат Медвеѓа, Прешево… тоа би им било идеално. Во ваква ситуација се отвора можност да се постигне компромисно решение. Ако веќе имаме дијалог, дијалогот мора да има предлог “, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.
Според него доаѓањето на американскиот помошник државен секретар Вес Мишел беше клучен настан кој ги промени односите на Србија со американската администрација.
Мичел, според Дачиќ, бил првиот претставник на американската администрација кои се заинтересирани за проблемите на Балканот и кој „покажа подготвеност да не слуша и да има разбирање за нашите ставови“.





