Актерот Драган Спасов Дац, на социјалните мрежи сподели фотографија со шега на своја сметка па напиша наскоро, со што се означува дека според него по 5 Мај метлата ќе заигра како што рече Заев.
Дац на митинг во Карпош му подари метла на Заев а премиерот најави дека по изборите ќе има чистка.
„Не беше ништо испланирано, ни намерно. Во моментот кога премиерот Заев говореше дека е неопходна чистка во партијата, станав и отидов до локалниот маркет и купив метла. Тој прво се збуни, не искоментира ништо и ме праша само: Ова за мене ли е? Одговорив: Да! Затоа што искрено мислам дека на паријата и е неопходна чистка“, изјави потоа за САКАМДАКАЖАМ.МК актерот Драган Спасов-Дац.





