Македонски дипломати на ,,Гугл” разбираат што прави колега специјален претставник на Османи

Срамна е инаугурацијата на новиот Специјален претставник на министерот за надворешни работи Бујар Османи, во неговиот капацитет како Претседавач на ОБСЕ за 2023 година, на ниско-рангираниот новопечен дипломат во МНР, Мемет Жаку на албански јазик.



Ова е реакцијата на екс македонскиот амбасадор во НАТО Зоран Дабиќ на националистичката промоција на Жаку сами на албански јазик.

,,И јас, како и многу мои колеги дипломати моравме да го користиме компјутерскиот преведувач на Гугл, за да ја разбереме неговата објава.

Навистина, што е многу, многу е! Спротивно на сите кодекси и узанси на дипломатијата. Стоп на национализмот!”, пишува Дабиќ за скандалот со Жаку.

Македонија доби специјален претставник само на албански јазик, македонците можат да се информираат со ,,Гугл преведувач”