Да се затворат во ,,Шутка”: По Неделковски, и Тричковски со напад врз Момироски и Милосављевиќ

Откако минатата недела водителот Миленко Неделковски ги нападна авторите на емисијата ,,Заспиј ако можеш” по негови стапки тргна и апологетот на Зоран Заев новинарот Бранко Тричковски.



Колумнистот на медиуми блиски на Заев Тричковски пишува дека и тој испратил апел до Обвинителството Горан Момироски и Драган Милосављевиќ да се затворат во Шутка.

,,Горанчо и Драганчо денеска требаше да излезат од “Идризово”. Пресметав дека на пладне ќе се навршеа десет години од нивното затворање односно две третини од казната на која требаше да бидат осудени за специјални дејствија против народот и државата, а во корист на една домашна злосторничка инсталација и на некои странски интереси. Но, не беа. И затоа, наместо да ги чека пред вратата на скопскиот затвор со букети цвеќе и камери, ЗНМ реши да им посвети вмимание со напад врз кривичната пријава против овие скотови маскирани во новинари, против најголемото ѓубре, против најдолниот талог во медиумскиот простор. Против ласерот со кој со години, еј не им го знам бројот, го бомбардираа и разоруваа македонското општество. И ги претвораа нормалните луѓе во говна. Да не останам покусо и јас се јавив со апел до обвинителството и побарав овие двоножни зверови да се сместат во “Шутка” не затоа што можат да го пофторат делото туку затоа што перманентно го повторуваат”, пишува Тричковски во својот текст со кој бара затворање на авторите на Заспиј ако можеш Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.

Против новинарите на Заспиј ако можеш веднаш по изборите од страна на Агенцијата за Разузнавање се поднесени кривични пријави за оддавање на државна тајна и службена тајна кои кумулативно се максимални 27 години во затвор.

Доколку биде покренато обвинение од страна на Јавното обвинителство и Момировски и ако Милосављевиќ бидат осудени на максималната казна по сите дела тие можат да се соочат единствената казна затвор и до 18 години.

Здружението на новинарите пред неколку дена побара Јавното обвинителство да ги отфрли кривичните пријави за двајцата новинари од Агенцијата за разузнавање и да ги користи механизмите за саморегулација кои им стојат на располагање на институциите ако сметаат дека се оштетени од новинари.