Матјаж Кек, селектор на фудбалската репрезентација на Словенија, своите избраници ги мотивирал со примерот со македонскиот пласман на Европското првенство.
„Им реков на момците на тренинг вчера дека имаме на кого да се угледаме. Тоа не се Шпанија, Италија, Германија, Франција или Англија, туку Македонија. Нејзината приказна е добра за фудбалот“, изјави Кек на прес-конференцијата за денешниот дуел со Косово од Лигата на нациите.





