Денеска медиумите во Македонија пренесуваат изјава на екс претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев кој за бугарски медиум вели дека премиерот Заев со своите изјави и чекори му бил “светлина во тунелот”.
За да нема забуна што мисли за македонската нација, идентитет, јазик човекот што на Заев гледа позитивно да се потсетиме што зборуваше во текот на неговиот мандат како претседател на Бугарија а и подоцна.
Пред речиси 4 години Плевнелиев кој како претседател ја бојкотираше Македонија и ниту еднаш не дојде во посета, изјави дека Македонизмот е антибугарска идеологија која создава напнатост меѓу поколенијата.
“Да, Македонија треба да влезе во Европската Унија и тоа е кауза и за Бугарија, но не и македонизмот. Македонизмот е една идеологија која е не само антибугарска, туку е и антидемократска. Тоа е една идеологија на тотални манипулации со историјата. Тоа е една идеологија која создава напнатост, тензии меѓу идните поколенија. И ако ме прашате зошто се навраќам на тој конфликт, веднаш ќе виодговорам. Зашто искрено мислам моите деца и децата на нашите браќа од другата страна, во Скопје, да бидат браќа, да бидат пријатели и да има мир, ама манипулираната историја не работи за тоа да бидат браќа и да има мир. Заматената историја во која Бугарија е фашист не работи за тоа”, изјави во јануари 2017 година бугарскиот политичар кој сега гледа светлина во Зоран Заев.





