„Бугарските историчари заклучиле дека владеењето од 1934-44 година за време на кое соработуваат со Оската, со нацистите и фашистите, ги депортираат македонските Евреи во Треблинка, а територија на Македонија ја окупираат, не било фашистичко“.
Бугарски историчари на „тркалезна маса“ договориле дека таму никогаш не владеел фашизам
„Еве вака, да негираш очигледен фашизам е фашизам“, пишува новинарот Ивор Мицковски на Фејсбук.
„Да оспоруваш право на самоопределување во 21 век е форма на фашизам.
Да негираш јазик, историја и култура на сосед е фашизам.
Да ревидираш и присвојуваш нечија историја, личности и настани, да фалсификуваш факти, да ретушираш историја е фашизам.
Да оспоруваш право на сосед за членство во “демократски” клуб на земји е латентен фашизам.
Така да, џабе се перете, како власт, политика и државен наратив и идеологија и понатаму се однесувате како тоа што го негирате.
Колку порано се соочите со вашите црни страници од историјата, толку побрзо ќе излезете од оваа шизофренија.
За жал, многу луѓе и од кај нас се решени да ви помогнат во лошите и нечесни намери кон македонскиот народ и држава“ констатира Мицковски.






