беше прос Во Хирошима денеска со церемонија на која присуствуваше генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, беше одбележана 77-годишнината од атомското бомбардирање на овој град ос страна на САД на крајот на Втората светска војна, пренесе АП.
„Нуклеарното оружје е бесмислено. Тоа не гарантира безбедност, само смрт и уништување“, рече Гутереш.
„Три четвртини од еден век подоцна, треба да прашаме што научиле од облакотпечурки што се издигна над овој град во 1945 година“, додаде тој.
САД ја фрлија првата атомска бомба во светот врз Хирошима на 6 август 1045 година, која го уништи градот и уби 140.000 луѓе.
Три дена подоцна, втората нуклеарна бомба беше фрлена врз Нагасаки, при што загинаа уште 70.000 луѓе. На 15 август, Јапонија се предаде, со што заврши Втората светска војна.







