Професорот Денко Малески бара неговото име веќе да не се споменува во контекст на манипулациите, како што вели, дека наводно е еден од кандидатите на претседателските избори.



„Во отсуство на секаква комуникација со партиите, и со непријатно чувство дека станувам предмет на манипулација, потсетувам дека не сум претседателски кандидат и барам моето име веднаш да престане да се употребува во контекст на претстојните претседателски избори“, вели Малески во напис за „Плусинфо“