Да не е претседател, Пендаровски би се иселил од Македонија!?

Претседателот на с. Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Нови Сад изјави дека би се иселил од земјата доколку не беше претседател затоа што „никој не е луд што го троши животот во кој со години треба да се преговара за поглавја, а просечната плата во мојата земја е 400 евра“.



Како што јавува агенцијата „Бета“, тој рекол дека ситуацијата во регионот нема да биде многу поразлична за две години, но дека државите можат да напредуваат само доколку користат домашни ресурси.

„Малиот Шенген е една иницијатива, но тоа нема да го промени менталитетот на луѓето. За две години, ќе бидеме целосно зависни од концептот на Европската унија“, рече Пендаровски на четвртиот Регионален младински форум за лидери што се одржува во Нови Сад.

Перндаровски смета дека процесот на проширување на ЕУ ќе одземе време затоа што „имаме информации дека ќе има многу проблеми во земјите-членки“, поради новата методологија предложена од Франција.

„Доколку се обидуваме да направиме мала ЕУ на Балканот, тогаш имаме шанса да ги задржиме младите тука и да го трансформираме нашето општество, но вистински не бирократски“, рекол Пендаровски.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и словенечкиот претседател Борут Пахор исто така учествуваат на Регионалниот форум на млади лидери во Нови Сад.

https://www.facebook.com/zazhivot/videos/506195549975590/