„Вреди да се одбележуваат важни датуми, како овој денот на Ромите во светот. Меѓутоа уште повеќе вреди секој ден да биде пристоен ромски ден#, изјави денеска кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова по повод Денот на Ромите.
Силјановска потсети дека Ромите го најдоа заслуженото место во Преамбулата, и институционално правно „може да се пофалиме дека водевме сметка за своевидно самоуправување или себе управување во рамките на општина во која мнозинството се Ромите како што е Шуто Оризари“.
Професорката вели дека потребно е уште многу нешта да се исполнат особено на планот на правичната и соодветна застапеност на сите нивоа на власта и за посебна заштита на ромската заедница како најранлива категорија не само во светот и во Република Македонија.
„Тука мислам на посебните усилби за образованието, за здравството, за социјалната заштита“, вели Силјановска Давкова.
Извор Плусинфо




