12-годишниот Матеј Алексоски е дете со церебрална парализа.
Откако врз него минатата недела билa извршена операција во соседна Србија, родителите финансиски не се во состојба да го однесат на задолжителната постоперативна рехабилитација во Негорски бањи, која опфаќа три третмани и чини по 1.000 евра од третман.
Фондот не ги одобрува овие средства бидејќи Матеј бил опериран во друга земја.
Очајните родители, немајќи друг излез, сега по втор пат бараат помош од хуманите луѓе, надевајќи се дека и овој пат ќе ги соберат потребните средства, исто како што се собрале и за операцијата во Србија.





