„За сите во светот вакцината против КОВИД-19 е бесплатна, но македонските граѓани поради неспособноста на Заев и Филипче ја платија преку трошоци за превоз и за престој во соседните држави за да се вакцинираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ која бара да им се вратат средствата кои ги потропжиле граѓаните патувајќи во странство за дасе вакцинираат.



Со оглед на тоа дека според Уставот на Република Македонија е загарантирано правото на здравствена заштита и граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, Владата беше должна процесот на имунизација да го започне многу порано.

Оттаму пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  во Собранието поднесе закон со кој што се предвидува да им бидат вратени средствата кои што ги потрошија македонските граѓани за да можат да се вакцинираат надвор од Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ очекува дека тој закон ќе биде поддржан од сите пратеници затоа што е за доброто на граѓаните, а од неспособната влада на Филипче и Заев веќе не може да се очекува ништо, бидејќи се покажаа како целосно неспособни да обезбедат вакцини.

Според податоците на ВМРО-ДПМНЕ, околу 40.000 граѓани досега се имаат вакцинирано во странство од кои што најголем дел околу 30 илјади се имаат вакцинирано во Србија.

Време е да се да стави крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!- велат од опозициската партија.