Нови одвратни закани со убиство, но и со сексуално насилство испраќа новинарот Бранко Тричковски кон угледни професорки, академици и политичарки кои не се согласуваат со политиките на СДСМ. Новинарот кој важи за најголем медиумски поддржувач на премиерот Зоран Заев, ја продолжува праксата на навреди, закани и етикетирања, при што особено цели кон припадничките на понежниот пол, преку разни алузии или директни напади на сексуална основа.
Како да им помогнеме на професорките кои се срамат да живеат во оваа црна дупка.
Да ги убиеме?
Тие и како мртви би продолжиле да живеат во црна дупка, но таа дупка не би се викала Северна Македонија.
Не би имале причини да се срамат.
Од дупката и од црнилото.
Интересно решение, ламентира Тричкоски, а по неколку реченици доаѓа до следната мизогина „идеја“:
„Или да ги качиме на нешто што ќе им ги отвори хоризонтите.
На некој вибратор за растурање на црнилата или на некоја друга сексуална алатка или орган, да речеме.
Уф, ова е навистина добро“.
За да нема никаква забуна, Тричкоски на крајот од својата објава на социјалните мрежи конкретно ги набројува „Билето, Катето, Рашлето, Каролинчето“, имиња под кои повеќе од јасно се препознаваат две универзитетски професорки, една челнка на МАНУ и една понзта политичарка од редовите на опозицијата.





