Новиот закон за административни службеници, кој сега е во нацрт верзија, предвидува наместо 40 часа, администрацијата да работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок, дознава порталот Фактор.



„Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно 8 часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено“, пишува во членот 55 од законот, кој се однесува на работното време.

Јавноста веќе реагира…