Педијатарот д-р Аспазија Софијанова вели дека дека еден од најсовремените типови на вакцини за имунизација на популацијата од 12 до 16 години е онаа на компанијата Фајзер која дава најдобар имунолошки одговор, а станува збор за генетски модифицирана варијација на вирусот.
„Квалитетот на вакцината Фајзер ќе биде доволно добар, создава селективен имунитет, конкретно кон Сарс Ков 2 и затоа е повеќе препорачана за децата“, изјави директорката на Клиниката за детски болести во вестите на Алфа ТВ, откако во САД и Канада веќе започна имунизацијата на оваа старосна категорија.
„Децата да не бидат изземени бидејќи тие како носители на одредена варијација, можат повторно да направат одредена мутација, која не верувам дека ќе нѐ чини пак лесно“, тврди Софијанова.
Според неа, интересот кај родителите е голем и тие постојано се распрашуваат за можноста на вакцинирање на децата од 12 до 16 години.






