Д-р Софијанова ѝ ги вратила сите исплатени пари на Клиниката

Пред да даде отказ, поранешната директорка на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова ѝ ги вратила на Клиниката сите исплатени средства, информираше министерот за здравство Беким Сали во одговор на новинарско прашање на денешното одбележување на Светскиот ден на предвремено родени бебиња.



Никогаш не сум земала 353.000 денари плата

Директорката на Детската клиника заедно со директорот на Клиниката за Онкологија, д-р Нино Васев минатиот месец поднесоа оставки, откако во јавноста излегоа информации дека си исплаќале високи додатоци за дежурства и прекувремена работа.