Американскиот економист Нуриел Рубини, познат под прекарот „Д-р Пропаст“, откако прв пат ја најави глобалната финансиска криза во 2008 година, објави дека следува нова рецесија.
Во статија за „Проџект синдикејт“ Рубини предупредува на 10 потенцијални ризици – кои би можеле да предизвикаат најпрво американска, потоа и глобалната рецесија, и за кои предупредувал и лани, – 9 се уште постојат и доаѓаат од САД.
Тој тврди дека следната година ќе се случи нова глобална рецесија.
Меѓу ризиците се: Трговска војна на САД со Кина и со други земји, ограничување на миграцијата и на странските директни инвестиции и трансферот на технологија, што ќе има сериозни импликации за глобалните синџири на снабдување и ќе го зголемат ризикот од стагфлација (побавен раст со повисока инфлација).
Според него, ризикот од забавување на економскиот раст на САД сега е посериозен откако се „истроши“ стимулансот што американската економија гоп доби со даночните реформи спроведени во 2017 година од претседателот Доналд Трамп, пишува Б92.





