Д-р Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести

Д-р Александар Петличковски е нов претседател на комисијата за Заразни болести, која досега ја водеше д-р Жарко Караџовски.



Петличковски е директор на Институтот за имунологија во кој за време на корона пандемијата се вршат тестирања, анализи и истражувања поврзани со реакцијата на анти-тела на оздравените како и за соевите на вирусот присутни во Македонија.