Делта варијантата на коронавирусот е најголема грижа, а шансите невакциниран и непрележан човек да се зарази со него се поголеми споредено со другите соеви, вели за „Слободен печат“ директорот на Институтот за имунологија, доктор Александар Петличковски.



„ Болеста и симптомите кај делта варијантата се многу споредливи со оние што и досега ги гледавме кај ковид-19. По однос на заразувањето, шансите човек да се зарази со делта сојот кога би се сретнал со него се поголеми од претходно. Кризата е за непокриеното и невакцинирано население, затоа што поголем број луѓе може да се заразат и повторно да имаме нов бран, а ние сакаме да ставиме крај на епидемијата. Тој аспект е грижа и тоа е проблемот – вели професор Петличковски.

Процените на Светската здравствена организација (СЗО) се дека делта варијантата има потенцијал да стане доминантна во светот, а регистрирана е во повеќе од 100 земји.

Здравствените власти во земјава потсетуваат дека сите вакцини што ги има кај нас се безбедни и признаени од СЗО и од националните институти на земјите што ги произведуваат. Секоја вакцина е ефикасна и штити од тешка форма на болеста, компликации или смртен исход..

DER SPIEGEL Cover 44 / 2020