Д-р Никола Пановски во „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека ни во август нема да ги исполниме условите и параметрите за патувања во ЕУ, доколку бројот на новозаразени од коронавирус не биде максимум до 20 во еден ден.
Пановски прогноизира дека мал број новозаразени, како што имаше кон крајот на април кога имаше по околу 20 позитивни, може да се очекуваат дури по една година, односно во април другата година.
„Ова ќе трае, но се надеваме дневниот биланс ќе продолжи да биде 100 заразени со 100 излечени, како што имавме деновиве. Ако ги почитуваме мерките и продолжат овие бројки како досега, мало намалување на новозаразените може да се очекуваат во месец август“, вели Пановски.
Тој дополни дека после изборите очекува казните за групирањата да бидат драконски.





