Д-р Пановски: Погрешна е одлуката училиштата да почнат во октомври

Владината одлука, училиштата да се отворат од 1. октомври е погрешна смета д-р Никола Пановски.



Тој останува на ставот дека децата со настава требале да почнат уште овој месец, бидејќи се уште е топло и можат да се проветруваат училниците или пак да учат на отворено.

Пановски смета и дека наставата со физичко присуство согласно здравствените протоколи, ќе се одвива отежнато.

Според него, идните средношколци, се уште имаат време да се запознаат со своите наставници на отворен простор или во големите училишни простории како што се фискултурните сали, со цел од октомври, подготвени да почнат со онлајн настава.