Д-р Пановски: Неснаоѓањето на СЗО, причина за недовербата на граѓаните кон пандемијата

На почетокот од пандемијата, 30 проценти од населението во земјава не верувало дека воопшто постои болеста, а по 5.500 смртни случаи, 10 проценти сè уште не веруваат во тоа. Дел од вината тој ја лоцира во неснаоѓањето на Светската здравствена организација со контрадикторни и честопати ненаучни ставови, вели Д-р Нокола Пановски.



„Еве само еден пример, науката докажува дека природно стекнатиот имунитет е долготраен, веројатно доживотен, а СЗО форсира вештачки имунитет кај сите, вклучително и кај прележаните, што е спротивно на сите досегашни искуства“, вели Пановски во изјава за Плусинфо..

Според него, врз база на оваа дезинформација се вакцинираа и прележаните и природно имунизирани.

Како друг пример д-р Пановски го издвојува носењето маска на отворено, кога лицето е сосема само, со образложение дека вирусот се ширел од улична прашина, при што посочува дека тоа некој ќе си го објасни со „ни пуштаат вирус преку авиони“.

„Дел од луѓето се плашеа да одат во болница, огромен дел сè уште се плашат да примат вакцина. На пример, дезинформациите за „Астра-Зенека“, кои пред сè, беа мотивирани од финансиски причини, однесоа десетици животи во март годинава, кога тие одбија да ја примат, па ги зафати пролетниот бран“, вели д-р Пановски.

Повеќе