Новите рестриктивни мерки ќе дададт резултати смета Микробиологот д-р Никола Пановски во разговор за Фактор, очекува новуите анти-корона мерки да дадат резултати, но..
„Претходните мерки кои беа воведени во текот на пролетта имаа огромен ефект во спречувањето на ширењето на корона вирусот. И сега би требало да биде така, зошто на граѓаните очигледно не смее се’ да им се дозволи.
Едноставно премногу се опуштија и очекувани се вакви бројки на новозаразени“, вели д-р. Никола Пановски за Фактор.
„Очекувам влошување на епидемиолошката состојба бидејќи по воведувањето на рестриктивните мерки кои главно се донесуваат, сега за сега, на угостителските објекти, народот ќе почне да се собира по дома, да има домашни журки и повторно ќе има голем број новозаразени.
Јас сметам, па и предлагам, ако не сакаме да доживееме национална катастрофа, треба сите да се соберат, мислам на партиите, но навистина сите политички партии без исклучок и претставници на верските заедници и да излезат јавно, на телевизија, на заедничка прес-конференција и да упатат еден апел да нема масовни собирања, слави, родендени, крштевки, свадби и се што подразбира масовно собирање. Само така може да ја надминеме кризата со епидемијата. Барањето оставки од властите ниту е решение, ниту пак има некаква смисла“, вели д-р. Пановски за „Фактор“.






