Откако бројките на новозаразени со Ковид-19 почнаа нагло да се зголемуваат во последните денови, микробиологот д-р Никола Пановски алармира дека броојките и натаму ќе растат и до крајот на август ќе достигнат и до 1.500 дневно.
„Да, 1.500 ако продолжи вака да се удвојува, не знам зошто не би се удвојувал бидејќи нема некои рестрикции, луѓето се заедно, особено младите и ќе почнат и внат5ре да се собираат особено понатаму. Сега исто се собираа внатре поради многу топлото време.
За жал кога беше идеална состојбата не се донесоа елементарни мерки за заштита од ширење на дeлта сојот и воопшто и на алфа сојот кои немаше да не чинат многу. Единствено не требаше да се дозволат собирања во затворен простор и да се направи каква таква контрола на границите…
Треба да објаснат зошто не направија тоа пред да се прошири ќе се забавеше ширењето, влегуваат иселениците и други туристи одеа на свадби” – вели д-р Пановски за Телма.






