Микробиологот д-р Никола Пановски предупредува дека тешко дека ќе го спречиме индискиот сој да влезе во земјава, но прашањето е дали ќе се вакцинираме во што поголем број и колку ќе штитат тие вакцини.
„Од вакцините ќе имаме многу поголема придобивка отколку без нив, а многу важен факт е тоа што голем број од македонското население го прележа вирусот, па тоа значи дека и индискиот сој кај нас нема да се шири многу брзо. Секако, тој ќе се шири, но нема да има случаи со тешки симптоми и тешка форма на болеста. Најважно е сега да се вакцинираме во што поголем број.
Без 15.000 нововакцинрани дневно ништо не правиме“ – вели Пановски во интервју за Фактор..
Во Македонија досега се регистрирани два случаи на индиски сој на коронавирус.
Министерот Филипче најави дека на крајот на јуни во земјава ќе стигнат 600.000 вакцини.






