Шефот на ковид центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини за Фактор информираше дека денеска имаат многу приеми, а информира и за 5 починати пациенти, меѓу кои и една млада жена.



„Но, она што го констатираме секој ден, ние лекарите од Тетово, нам секој ден ни „умира по едно комбе“, кое има капацитет од 5 до 10 луѓе. Тоа е премногу. Сите починати се невакцинирани против болеста. Паролата што во моментов ја смислив, еве додека разговарам со вас е: „Невакцинирањето е злобно, тој што не се вакцинира, освен себе, убива и други луѓе“. Навистина не знам веќе дали воопшто има начин луѓето да разберат колку е сериозна и алармантна состојбата ако некој невакциниран се зарази со корона вирусот и настанат компликации“, посочува д-р Нуредини за Фактор.