Остри критики од Д-р Ненад Лазаров за огласите за вработување на ГАК. Тој пишува дека единствен критерум треба да бидат високите квалификации.
-Ако имате грам здрав разум и визија за идината, наша и на идни генерации, никаков балансер нема да се применува во терциерно здравство туку ќе зацементираме конечно еден единствен критериум а тоа се високи квалификации и ништо друго, напиша Д-р Лазаров
Според него системот е скоро мртов по партизацијата на здравството, а ако се дозволат вработувања само по политичка и национална основа за сите ќе биде многу лошо.
-Сите сме пациенти, ќе треба да легнеме во тие кревети и ние и нашите деца, размислете добро дали ви е битно дали вас или вашите најмили ги лечи стручен и спремен лекар, или лекар од вашата нација,која и да е. Ве повикувам на итна иницијатива оваа грешка со употреба на балансер да се исправи, исто така и да се укине дискреционо право на директор да бира кандидат и да се остави на колективите да имаат удел во избор на соработници исклучиво по квалитет и перформанси.
Прочитајте ја Хипократовата заклетва за почеток, а за крај, на пример,
зарем 40тина бебиња кои ги има на ГАК моментално и во секое време,од сите националности, не заслужуваат најквалитетен персонал можно?, пишува Д-р Лазаров.





