Матичните лекари денеска нема да издаваат рецепти и упати за пациентите, освен за итните случаи, во знак на протест против здравствените власти за кои велат немаат слух за барањата и проблемите со кои се соочува оваа категорија на здравствени работници.
Тие сакаат да предупредат на загрижувачките состојби во примарното здравство и нужноста од итни решенија.
Истовремено бараат разбирање и поддршка од пациентите до кои апелираат за време на денешниот штрајк да ја одложат посетата кај матичен.
Д-р Ненад Лазаров им порача на пациентите да ја одложат посетата кај матичен.
На колегите им порача да се придржуваат кон штрајкот.
„Со име и презиме ќе ги објавиме тие колеги што ќе преземат пациенти денеска додека трае протестот. Почитувани пациенти, одложете секаква неитна потреба од вашиот лекар, протестот е во тек, и на жалост е неопходен. Доста е“, порача Лазаров на Фејсбук. Фејсбук.







